четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчини: Победувавме играјќи убав фудбал

Манчини: Победувавме играјќи убав фудбал

Селекторот на фудбалската репрезентација на  Италија, Роберто Манчини е пресреќен поради триумфот на Европското првенство.

„Го примивме тој гол и страдавме на почетокот, но брзо се вративме и доминиравме до крајот на мечот“, вели Манчини.

„Момците се прекрасни, не знам што повеќе да кажам. Ова е важно за сите луѓе, за сите наши фанови. Среќни сме бидејќи победуваме играјќи убав фудбал. Се надевам дека фановите слават сега. Среќни сме, и тоа е најважно“ –  заврши во својата изјава Роберто Манчини.