сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчини: Противник ни е селекција која ја победи Германија

Манчини: Противник ни е селекција која ја победи Германија

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини, ја имаше последната средба со новинарите пред натпреварот со нашата фудбалска репрезентација. Искусниот стратег на прес-конференцијата истакна секој натпревар започнува со 0-0 и во текот на деведесетте минути може сè да се случи.

„Македонија знае добро да се брани, но мислам дека нема да биде натпревар што брзо ќе се затвори. Мора да останеме смирени и да ја одиграме нашата улога. Противник ни е селекцијата која што славеше над Германија. Сигурно ќе ни треба трпение, бидејќи противникот е квалитетен и добро организиран. Италија знае да игра добар фудбал, и моментално размислуваме само на тоа. Секој натпревар започнува од 0-0 и за деведесет минути може сè да се случи“, вели Манчини.

Дуелот меѓу Италија и Македонија се игра во Палермо, в четврток со почеток од 20:45 часот.