сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манев и Емини едногласни: Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар

Манев и Емини едногласни: Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар

Македоната фудбалската репрезентација ги продолжува подготовки за дуелот против Украина во квалификациите за Европското првенство, дуел кој е закажан за в петок од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова е дуел во кој нашата селекција ќе мора да даде се од себе ако сака да дојде до позитивен резултат затоа што украинската репрезентација е доста силна и тоа се виде на вчерашниот меч против Германија на која беше блиску до победата, поточно домаќинот со два гола во завршницата се избори за реми од 3-3.

-Веќе влеговме во последната фаза од подготовките за мечот против Украина. Навистина не очекуваат многу тешки натпревари. Оптимисти сме, ќе дадеме се од себе да ги победиме Украинците, фокусирани сме на тој натпревар, но нема да биде лесно. Имаме голема почит кон противникот, Украина е талентиран и одличен тим. Тоа го потврдија и на синоќешниот пријателски натпревар против Германија.

-Верувам дека ние помладите даваме дополнителен импулс во нашата репрезентација. Се разбира дека имаме голема почит кон поискусните. Тие се наша голема поддршка. Верувам дека заеднички придонесуваме за подобра енергија во тимот. Важно е да ги исполниме задачите од селекторот. Ако тоа го направиме на терен, убеден сум дека ќе оствариме позитивен резултат, -вели дефанзивецот Јован Манев.

Сличен став има и Сефер Емини кој доби повик од селекторот Благоја Милевски за овој јунски квалификациски прозорец.

-Чест е да се биде овде, се трудам да го дадам максимум на секој тренинг. Репрезентацијата е таква што секој треба да даде се од себе. Сите мораме да бидеме подготвени и да ја чекаме одлуката на селекторот.

-Пред се мора да се фокусираме на натпреварот против Украина, а дури потоа да размислуваме за Англија. Позитивен резултат на првиот меч ќе донесе повеќе верба и самодоверба пред патувањето во Манчестер. Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар и да се победи, но фудбалот е непредвидлив. Ако не сте 200 проценти сконцентрирани, секој може да ви ги расипе плановите, -порача Емини.