понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манев: Верувам во добар резултат против Италија

Манев: Верувам во добар резултат против Италија

Младиот дефанзивец на македонската фудбалска репрезентација  Јован Манев, фудбалер на Адана Демирспор, очекува многу подобар настап против Италија.

Фудбалски е да се надеваш на позитивен резултат и сигурен сум секој од соиграчите ќе го даде максимумот и на крајот ќе извлечеме добар резултат. Дуелите со Украина и Англија се минато, останува да се фокусираме на Италија и со позитивни мисли да постигнеме позитивен резултат.Тоа што играме пред нашите навивачи, тогаш мотивацијата е голема и се надевам на добра игра“ – заврши со својата изјава нашиот репрезентативец.