четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марадона ги шокираше сите : Коментарот за неговото здравје ги зачуди сите, најави дека нема да ја почитува строгата забрана од докторите

Марадона ги шокираше сите : Коментарот за неговото здравје ги зачуди сите, најави дека нема да ја почитува строгата забрана од докторите

Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона за време на натпреварот меѓу на Аргентина и Нигерија доживеа шок после што му беше пружена медицинска помош.

Во текот на натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија еден од најдобрите играчи на сите времиња ги игнорираше советите на докторите да оди дома и во мирен амбиент да гледа фудбал.

Марадона вели дека е изнервиран поради написите во весниците, дека на носилки го извадиле од стадионот и дека брза помош дошла по него. Диего се тоа го негираше и додаде:

-Ништо од тоа не се случи. Сите бевме заедно, не можевме да веруваме дека на социјалните мрежи почнаа да пренесуваат лаги. Жив сум и доста добро се грижам за себе, кажа Марадона, а пренесе Скај Спорт.

Марадона најави дека ќе присуствува на натпреварот од осминафиналето меѓу Аргентина и Франција и дека ќе ги игнорира советите на лекарите да не гледа натпревари дури ниту од фотелја. Според неговите зборови Аргентина е неговиот живот, ако ја нема Аргентина, тогаш нема причина да живее.