Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона и се извини на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино поради критиките, кои ги изнесе на сметка на судијата по натпреварот меѓу Англија и Колумбија.
Тој изјави дека Колумбија е ограбена и оштетена во натпреварот од осминафиналето во кој Англија славеше по пенал серијата.
– Како навивач на Колумбија понесен од атмосферата признавам дека изјавив некои работи кои се неприфатливи. Се извинувам на ФИФА и нејзиниот претседател. Иако некогаш не се согласувам со судиските одлуки, сепак, ја почитувам нивната работа, која воопшто не е лесна, истакна Марадона.
Претходно ФИФА експесно одговори на неговите обвинувања, кои ги окарактеризира како „непримерни и неосновани“.
(Миа)