петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Марез: Нема клуб кој е на повисоко ниво од Сити

Марез: Нема клуб кој е на повисоко ниво од Сити

Репрезентативецот на Алжир, Ријад Марез нема намера и воопшто не размислува да го напушти Манчестер Сити.

Офанзивецот во 2018 година го замени Лестер и „Кинг Пауер“ со „Итихад“ и досега со клубот ги има освоено сите титули со исклучок на онаа најпосакуваната во Лигата на шампионите.

-Што ако сакам да одам повисоко? Не гледам клуб е на повисоко ниво од Сити. Да се испробам во друго првенство? Не. Навистина ја сакам Англија и англиксиот фудбал е прекрасен. Не сакам да заминам. Сè уште имам цели кои овде треба да ги остварам.

-Кога ќе видите дека Гвардиола ве посакува, тоа е убаво. Аклимитацијата тука не беше лесна, но нашата врска денеска, секој знае дека е одлична, -истакна Марез кој искрено се надева дека ќе биде засилена борбата против расизмот во фудбалот.

-Мислам дека властите мора да преземат уште повеќе мерки и санкции. Мора да бидат порадикални, така што овие луѓе да престанат да ги прават овие работи. Во спротивно, тоа ќе продолжи. Но секогаш ќе има двајца или тројца идиоти кои ќе зезнат, -порача Алжирецот.