недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марка: Барса сè уште не заврши со купувањето – Ќе потрошат уште 57 милиони евра

Марка: Барса сè уште не заврши со купувањето – Ќе потрошат уште 57 милиони евра

Барселона потроши 153 милиони евра за нови играчи во овој преоден рок, но се уште не е готов, пишува Марка. Летово ги купи Рафиња, Кунде и Левандовски, а како слободни играчи дојдоа Франк Кесие од Милан и Андреас Кристенсен од Челзи.

Марка пишува дека Барса има уште 57 милиони евра во буџетот за нови играчи и дека има намера да ги потроши до крајот на преодниот рок. На Чави му требаат уште двајца дефанзивци, по еден на секоја страна и напаѓач кој ќе го купи доколку и Аубамејанг и Депај го напуштат клубот.

„За десната страна Барса ги разгледува Хуан Фојт, Томас Меуниер и Хектор Белерин, додека за левата страна е заинтересирана за Маркос Алонсо и Хави Галан. Напаѓач ќе дојде и доколку заминат Обамејанг и Депај, а најголема желба на Чави е Бернардо Силва, но Сити не сака да го продаде“, пишува Marca.

Сепак, Барселона се уште има проблем да регистрира потенцијални нови играчи бидејќи за нив нема место во салари капот. Таа мораше да направи неколку маневри за да го регистрира Жил Кунде, а заминувањето на Обамејанг ќе ослободи доволно простор за лев и десен бек кој во моментов се приоритет.