четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Марка: Мбапе сака да замине од ПСЖ, следна станица Реал Мадрид, во Париз замена гледаат во Кристијано Роналдо

Марка: Мбапе сака да замине од ПСЖ, следна станица Реал Мадрид, во Париз замена гледаат во Кристијано Роналдо

Марка денеска објави текст во кој ја анализира ситуацијата околу Килијан Мбапе. Како што пишува угледниот шпански весник, во Реал тој е главна тема веќе неколку месеци, а на ПСЖ им е јасно дека младата ѕвезда сака да си замине од клубот.

Марка пишува и дека Мбапе тоа веќе им го потврдил на челниците на клубот, иако тие се подготвени да му понудат нов договор, како што нема да може да му даде никој друг. Исто така, францускиот напаѓач е во одлични односи со тренерот Маурицио Покетињо, па во Париз се надеваат дека тоа би можело да го наведе да остане, но засега ништо не покажува дека ќе биде така.

На Мбапе парите моментално не им се најважни, смета дека ПСЖ не може да ги исполни неговите амбиции и затоа сака да замине, пишува Марка. Исто така, сака да биде главен играч на тим, што не може тука покрај Нејмар.

Доколку Мбапе реши да замине во ПСЖ на крајот, тоа би било во Реал Мадрид, вели Марка, а во Париз замена гледаат во Кристијано Роналдо од Јувентус.