петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Марка: Меси кариерата ќе ја заврши во Америка

Марка: Меси кариерата ќе ја заврши во Америка

Лионел Меси веќе трет ден е слободен играч, откако му истече договорот со Барселона. Иако се очекувада сека ќе биде проодолжен 21 годшниот престој, моментално кочница се само правните перипетии.

Марко објави дека детали од понудата на Барселона и објаснува зошто договорот се уште не може да биде потпишан.

Шпанскиот весник писшува дека планот е Меси да остане во Барселона уште две години, по што ќе замине да ја заврши кариерата во МЛС, каде би ја надополнил намалената заработувачка во Барселона. Меѓутоа, не е јасно дали американскиот дел од договорот би се даночел во САД или во Шпанија.

Понатаму, Барселона се уште му должи на Меси големи пари, кои не беа во можност да му исплатат во потполност во текот на пандеијата и Меси сака да види дека тие долгови се вметнати во новиот договор.

На крајот, на Меси му е важно и каков тим ќе има Барса следната сезона. Досега во тимот ги доведе Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и Емеросн, кои се интересни засилувања, но не и гаранција за резултатски напредок, односна борба за сите трофеи, што е исклучително важно за Атентинецот.