понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Марка“ објави кога Белингам ќе потпише за Реал Мадрид

„Марка“ објави кога Белингам ќе потпише за Реал Мадрид

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Реал Мадрид за трансферот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд ќе плати 100 милиони евра плус бонуси, а потоа шпанска „Марка“ најави дека потписот ќе биде ставен следната недела.

„Марка“ објави дека претставници на шпанскиот гигант биле во Дортмунд за да го договорат трансферот на Белингам, но ќе почекаат со официјална промоција затоа што Борусија се бори за титулата во Бундеслигата.

Англискиот репрезентативец играше за Бирмингем пред да се пресели во Борусија во 2020 година, а потоа за бундеслигашот настапи на 132 натпревари, при што постигна 24 гола и 25 асистенции.