сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марка открива: Барселона ќе стори сѐ за да ангажира поранешна ѕвезда на Реал Мадрид!

Марка открива: Барселона ќе стори сѐ за да ангажира поранешна ѕвезда на Реал Мадрид!

Еден од најпопуларните спортски медиуми во Шпанија, весникот Марка, денеска објави неочекувана информација и тоа дека управата на Барселона ќе стори сѐ зимава да ја ангажира поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Алваро Мората, кој сега настапува за Јувентус.

Ова е барање на тренерот Чави Ернандез од управата, за кое да се оствари мора да се вклучи и Атлетико Мадрид, клуб со кој фудбалерот има договор. Шпанскиот напаѓач лани се пресели во Торино на двегодишна позајмица, за која италијанскиот клуб плати 20 милиони евра.

„Јувентус е во економска и спортска криза, поради што нема да биде изненадување ако би сакал да се ослободи од Мората. Особено, што како нови напаѓачи на ‘бјанконерите’ се споменуваат играчи како Мауро Икарди и Аркадиуш Милик“, пишува Марка.

Задоволен од ваквиот трансфер би бил и Атлетико Мадрид, кој би добил пари кои би ги искористил да го доплати трансферот на Антоан Гризман токму од Барса. Мората сезонава постигна седум голови на 23 средби, а претходно има играно за екипи како Реал Мадрид и Челси, кој за него во 2017 година плати дури 66 милиони евра.