Реал Мадрид со спектакуларна игра синоќа го декласираше Ливерпул на „Енфилд“ со 5:2, иако имаше негатива од 2:0. Шпанска „Марка“ имаше пофалби зборови за фудбалерите на Реал, но особено го пофали Лука Модриќ, кој со 37 години се чини дека е лидер во средниот ред.
-Штом Модриќ ја презеде контролата врз играта, Реал стана поопасен во нападот и почна се почесто да доаѓа пред голот на Алисон. Ќе биде големо разочарување доколку Реал не му понуди нов договор. Тој е лидер на теренот и животно осигурување во вакви игри. Да владееш на „Енфилд“ на 37 години е лудило. Неговите лидерски квалитети, асистенцијата до Милитао и акцијата за 5:2 беа пресудни во победата, пишува Marca.