Александар Трајковски секако ќе имаше убави спомени од градот Палермо поради сето она што го мина во истоимениот клуб во кој мина четири години, но од вчера ова место од Сицилија ќе биде посебно врежано во срцето на популарниот Алекс.
Актуелниот напаѓач на Ал Фајха постигна спектакуларен гол во 92-та минута и ги замрзна италијанските фудбалери и фудбалските фанови на „Ренцо Барбера“, а неговиот погодок одекна како бомба во цела светска спортска јавност, вклучувајќи ја и шпанската.
Сите угледни шпански медиуми пишуваат за сензација од страна на македонската фудбалска репрезентација која победи во Палермо, но посебно интересен текст напиша познатата „Марка“ која во прв план го стави јунакот Трајковски.
– Трагедија на италијански се вели „Трајковски“: Вторпат ги остава без мундијал, – гласи насловот на веста која ја напиша „Марка“.
Респектабилниот весник му посвети цела вест на вториот најдобар стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, со потсетување дека тој исто така беше играчот кој беше кобен за Италија и пред пет години кога погоди за 1:1 во Торино.
– Поранешниот играч на Мајорка се претвори во „црна мачка“ за „аѕурите“. Неговиот гол во 92-та минута го совлада Донарума и ја потврди победата за Македонија, а со тоа ја осуди Италија вторпат во низа да го гледа мундијалот на телевизија, – пишува „Марка“ со напомена дека Алекс ги одведе во баражот за СП и во 2018-та година, а таму подоцна беа елиминирани од Шведска.
– Тој имаше свој удел и во првата елиминација на Италија од прет пет години. Неговиот гол во Торино на 6-ти октомври во 2017-та година ја остави Италија и математички без шанса за директен пласман на СП, а потоа следеше нокаутот од Шведска кога Италија за првпат остана без мундијал по цели 60 години, – се надополнува во веста.
🇲🇰 Tragedia en italiano se dice Trajkovski
🤌 Es la segunda vez que les deja sin Mundial
😱 El ex del Palermo liquidó a Italia… en Palermo
🧮 En 2018 ya les condenó matemáticamente a jugar la repescahttps://t.co/vY5Bg7nZ5T
🗞️Un reportaje de @arubio_marca— Fútbol Internacional (@MarcaFutbolint) March 25, 2022