Ројс бил во контакт со селекторот Јоаким Лев и му било кажано дека е во плановите за селекцијата , но потоа во нов разговор му соопштил дека плановите му се поинакви и дека сака прво добро да се одмори после напорната сезона, а потоа да се насочи на подготовката за новата сезона.
Оваа одлука Ројс ја образложил дека не сака да се става во дополнителен ризик и под уште поголем напор после една многу тешка година со ептен згуснат распоред, па повторно да се доведе во ситуација да се повреди, поучен од многуте повреди поради кои долго време отсуствуваше од терените. Според најавите на списокот на Лев се очекува да се вратат Томас Милер и Матс Хумелс.