Шпанскиот дефанзивец Маркос Алонсо и се приклучи на Барселона и со каталонскиот клуб потпиша едногодишен договор.
Левиот бек доаѓа во Барселона без обесштетување, откако го раскина договорот со премиерлигашот Челзи.
Триесетиедногодишниот Алонсо го носеше дресот на Челзи шест години и настапи на преку 200 натпревари.
Во 2017 година му помогна на лондонски Челзи да ја освои и Лигата на шампиони.