четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Маркос Рохо делеше боксови па го зема противпожарниот апарат и сакаше да мава со него! (ВИДЕО)

Маркос Рохо делеше боксови па го зема противпожарниот апарат и сакаше да мава со него! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо беше еден од главните актери во мешаницата по крајот на натпреварот помеѓу Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс, дефанзивецот во еден момент го зема противпожарниот апарат и сакаше да мава со него.

Крајот на натпреварот помеѓу Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс во Копа Либертадорес донесe луди сцени. Гостите ги загубија нервите по елиминацијата на пенали, тешко се помирија со поништениот гол во регуларниот дел при резултат 0-0, па настана хаос во тунелот кон соблекувалните и просторот каде требаше да се даваат интервјуа.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо беше ден од главните актери. На едно видо се гледа како дефанзивецот му удира боксови на човек од персоналот на Атлетико Минеиро.

На друго видео, Маркос Рохо го зема противпожарниот апарат кој беше поставен на ѕид и сакаше да мава со него.