сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мароканецот Мазрауи пред трансфер во Баерн

Мароканецот Мазрауи пред трансфер во Баерн

Мароканскиот фудбалер и играч на Ајакс, Нусаир Мазрауи наскоро треба да потпише договор со Баерн Минхен, најави денеска спортскиот директор на бундеслигашот Хасан Салихамиџиќ.

-Преостануваат уште некои ситни детали, но работите се движат во вистински правец, изјави Салихамиџиќ за германскиот весник Минхер Меркур, изразувајќи задоволство што Баерн ќе се засили со „играчот кој го бара цела Европа“.

За 24-годишниот марокански десен бек, според медиумите, интерес покажувала и Барселона.

Не се познати детали од договорот меѓу Баерн и Мазрауи, а германскиот весник Кикер објави дека двете страни ќе потпишат најмалку четиригодишна соработка.  (МИА)