петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мароко е дел од европската кандидатура за организација на СП 2030

Мароко е дел од европската кандидатура за организација на СП 2030

Кралот на Мароко, Мохамед Шести, денеска објави дека неговата земја заедно со Португалија и Шпанија, ја поднесоа кандитатурата за организација на Светското првенство што треба да се одржи во 2030 година.

„Пред вашето собрание објавувам дека Кралството Мароко одлучи да поднесе заедничка кандидатура со Шпанија и Португалија за организација на Светското првенство во 2030 година“, се зборовите на мароканскиот крал.

Со поднесувањето на кандидатурата, Украина дефинитивно отпадна од можноста да биде еден од коорганизаторите на Мундијалот во 2030 година. Во октомври минатата година, претставници на Фудбалските федерации на Украина, Шпанија и Португалија, објавија дека планираат да поднесат заедничка кандидатура.

Но, бидејќи војната во Украина сè уште трае, а ќе бидат потребни долги години за обнова на земјата по завршување на војната, Украина отпадна од заедничката кандидатура и на нејзино место влета Мароко.

Мароко досега неколку пати се кандидираше за организација на СП, а најблиску до добивање на можноста да биде домаќин на најдобрите светски репрезентации беше во 2010 година кога во финалниор круг од гласањето загуби од Јужна Африка.

Досега официјална кандидатура за организација на СП 2030 година, поднесоа четири земји од Јужна Америка, Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај. Тие се надеваат дека ја добијат организацијата на СП бидејќи во 2030 година, ќе бидат точно 100 години од првото Светско првенство кое се одржа во Уругвај.

Следното Светско првенство ќе се игра во 2026 година, а организатори се САД, Мексико и Канада.