недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсел Сабицер се повреди, сезоната за него е завршена

Марсел Сабицер се повреди, сезоната за него е завршена

Манчестер Јунајтед нема да може да смета на услигите на Марсел Сабицер  до крајот на сезоната поради повреда на коленото објавија англиските медиуми.

Австрискиот репрезентативец нема да може да им помогне на своите соиграчи во битаката за излез во Лигата на Шампиони следната сезона, ниту пак во финалето од ФА Купот во кое „црвените ѓаволи“ за противник ќе го имаат градскиот ривал Манчестер Сити.

Сабицер пристигна во Манчестер Јунајтед во јануари како позајмен играч од Баерн Минхен па ќе биде интересно да видиме дали англискиот гигант ќе се обиде да го откупи неговиот договор за да го задржи на „Олд Трафорд“ или пак ќе се врати назад на „Алијанц Арена“.