Марсело Биелса ќе биде нов селектор на Уругвај. Двете страни наводно веќе се договориле за сите детали од соработката и наскоро се ќе биде официјално. Веста ја потврдија дел од авторитетните медиуми во Јужна Америка.
Договорот со Биелса ќе биде потпишан до крајот на квалификациите за СП 2026 година, со можност за продолжување доколку тој го однесе Уругвај и на ова Светско првенство.
Последниот тренерски ангажман популарниот „лудак“ го имаше во Лидс Јунајтед каде замина минатата година.