четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсело е замената за Алиоски на левата страна во Лидс!?

Марсело е замената за Алиоски на левата страна во Лидс!?

Изненадувачки фудбалер се појави на листата потенцијални засилувања на Лидс Јунајтед, во случај Езџан Алиоски да си замине и да остави празно место на левата бековска позиција.

Македонскиот репрезентативец и натаму не открива која ќе биде неговата одлука. Многу веројатно е дека ќе си замине од „Еланд Роуд“ и ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај. Според „Мирор“, Реал Мадрид одлучил да се раздели со искусниот Марсело. Бразилецот наводно е на радарот на премиерлигашот, а за него има интерес и од Евертон.

Легендата на „кралевите“ бара неколку услови за да стави потпис. Покрај платата, тој очекува да потпише двегодишна соработка со следниот клуб.

Лидс не се откажува од идејата да го задржи Алиоски, но продолжувањето на соработката сега зависи само од фудбалерот.