Легендарниот бразилски фудбалер Марсело (34) го избра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.Шпанскиот El Chiringuito донесе ексклузивна информација дека Марсело е многу блиску до потпис за тимот од Пиреја и дека потписот треба да биде официјализиран во наредните часови.
Марсело минатото лето беше поврзуван со бројни клубови. Претходните денови најмногу се зборуваше за заминување во Лестер, но на крајот немаше ништо за одење во Англија.
Легендарниот лев бек кариерата ја продолжува во Грција и ќе видиме дали навистина ќе се случи овој трансфер.