Марсело доби доста критики во последно време и грчките медиуми почнаа да шпекулираат дека Олимпијакос размислува да му го раскине договорот, но како одговор на овие гласини, легендарниот бразилски лев бек вечерва подготви две фудбалски бравури.
Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид ги постигна првите свои два гола во дресот на Олимпијакос и му помогна на својот тим да победи против Атромитос со резултат 4:1.
Фантастичниот лев бек најпрво испрати неодбранлива „бомба“ со својата послаба десна нога за предност на фаворитот од 2:1, а потоа ги постави конечните 4:1.
Вториот гол беше исто така извонредно добар, бидјеќи Марсело сам си ја намести топката на волеј и маестрално го матираше противничкиот голман.
Ова беше прв натпревар од осминафиналето во грчкиот Куп, што значи дека овие два тима ќе одиграат и реванш.