Бразилецот Марсело го напушти Олимпијакос по само пет месеци. Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, ја напушти Грција и Олимпијакос иако помина само пет месеци.
Медиумите во Грција пренесуваат дека раководството не било задоволно од неговите настапи и сметаат дека сумата која ја вложиле во него биле превисока. Марсело ќе стане слободен играч откако со клубот договори раскинување на договорот.
Со Реал Мадрид Бразилецот освои 25 трофеи од 2007 до 2022 година, додека за грчкиот гигант настапи на 10 натпревари и постигна три гола.