Бразилскиот фудбалер Марсело потпиша договор со грчки Олимпијакос откако го напушти Реал Мадрид во текот на сезоната, објави грчкиот фудбалски шампион.
Олимпијакос не откри детали од договорот, а грчките медиуми јавија дека 34-годишниот поранешен бразилски фудбалер потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Марсело го напушти Реал како играч со најмногу освоени трофеи во 120-годишната историја на Кралскиот клуб, дури 25, од кои пет титули во Лигата на шампиони.
Опција за левата бековска позиција во Олимпијакос претходно беше и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој потпиша за турски Фенербахче.