сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсело призна даночно затајување

Марсело призна даночно затајување

Бразилецот од Реал Мадрид, Марсело призна дека ги избегнувал даноците и се согласил да плати парична казна од 490.000 евра и да добие четири месеци затворска казна која нема да ја одлежи.

Вкупно Марсело ќе мора да плати 750.000 евра, бидејќи користел странски компании за пријавување на приходите и така го оштетил даночниот систем на Шпанија.

Фудбалерот на Реал нема да мора да оди во затвор, бидејќи тоа е негов прв прекршок, а според шпанскиот закон, само за пресуда над две години се оди во затвор.

За исти даночни престапи со шпанските власти претходно се спогодија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Чабио Алонсо и други.

МИА