вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсијал на крајот од сезоната заминува во Италија

Марсијал на крајот од сезоната заминува во Италија

Италијанските гиганти Јувентус и Милан покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.

Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но и понатаму не добива поголема минутажа од новиот тренер.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за Французинот покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

Марсијал на лето влегува во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.