Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е задоволен од начинот на кој тренира Ентони Марсијал.
Новиот менаџер инсистира тој да остане во клубот. Лани Марсијал беше на позајмица во Севилја, а ова лето два клуба покажаа интерес да го доведат во своите редови.
Тен Хаг му соопштил на фудбалерот, но и на челниците на клубот дека сака тој да остане во Јунајтед следната сезона и сериозно смета на неговите услуги.
Актуелниот договор на Марсијал истекува во јуни 2024 година, а дојде од Монако во летото 2015 година.