Антони Марсијал го собра гневот на навивачите на Манчестер Јунајтед откако по вчерашниот натпревар со Астон Вила привремениот тренер на клубот, Ралф Рангник истакна дека тој одбил да биде во составот.
Јунајтед имаше проблеми во офанзивата, но Марсијал не се најде ни на клупата, за подоцна Германецот да истакне дека тоа била одлука на играчот кој одбил да биде во составот.
По ваквата изјава на тренерот на Манчестер Јунајтед со свој коментар преку социјалните мрежи се јави и самиот Марсијал.
– Никогаш нема да одбијам да играм за Манчестер Јунајтед. Овде сум седум години и никогаш не сум покажал непочитување и никогаш нема да покажам непочит кон клубот и фановите, -напиша Марсијал на Инстаграм.