понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мартинели потпиша нов договор со Арсенал

Мартинели потпиша нов договор со Арсенал

Премиерлигашот Арсенал затвори уште едно важно прашање и тоа она околу иднината на Габриел Мартинели кој потпиша нов долгогодишен договор со составот од северен Лондон.

Напаѓачот од сезона во сезона е се подобар и со тоа го привлече вниманието на останатите клубови, но лидерот во ПЛ реагираше и ги реши сите дилеми околу Бразилецот.

-Се чувствувам неверојатно, навистина сум среќен што добив нов договор. Сакам да дадам се од себе за тимот и за навивачите, исто така, да им вратам и да ги направам горди. Многупати кажав, сакам сè за Арсенал. Го сакам градот, ги сакам моите соиграчи, ги сакам навивачите, го сакам клубот и ќе дадам се од себе за овој фудбалски клуб и мора да освојуваме трофеи. Мислам дека не само јас, туку сите во таа соблекувална сакаат победа на натпреварите и за нашите фанови. Би сакал да им се заблагодарам за поддршката. Тие беа неверојатни со мене оваа сезона. Атмосферата на стадионот оваа сезона беше неверојатна и само сакам да кажам благодарам. Ќе давам 100 % секој ден за овој фудбалски клуб, -порача бразилскиот репрезентативец кој е член на Арсенал од 2019 година.