сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мартинез близу до премин во нов клуб

Мартинез близу до премин во нов клуб

Целта на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез е кариерата да ја продолжи во клуб кој игра во Лигата на шампионите, изјави менаџерот на аргентинската репрезентација.

Мартинез е прогласен за најдобар голман на Светското првенство во Катар.

Аргентина ја освои титулата на Светското првенство, откако во финалето ја совлада Франција по подоброто изведување пенали.

“По Светското првенство, само неколку клубови можат да го ангажираат Мартинез. Се разбира, главната причина е неговата цена, која драстично порасна. Нашата цел е Мартинез да замине во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите”, изјави менаџерот.

Мартинез (30) во Арсенал пристигна во 2010 година од Индепендиенте, а за лондонскиот клуб одигра само 38 натпревари, бидејќи до 2020 година беше позајмен во Оксфорд, Шефилд, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Ридинг.

Аргентинецот се пресели во Астон Вила во 2020 година, а за клубот од Бирмингем настапи во 91 натпревар.

Мартинез никогаш во кариерата не бранел во Лигата на шампионите, а наводно сака да го промени клубот веќе во јануари следната година. Тој има договор со Астон Вила до јуни 2027 година.