понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Математиката го вели следново: Бензема е „доктор“ за Ливерпул

Математиката го вели следново: Бензема е „доктор“ за Ливерпул

Неверојатен меч и неверојатна победата на Реал Мадрид на синоќешното гостување кај Ливерпул. „Црвените“ имаа водство по првите 14. минути од средбата со 2-0, и кога се чинеше дека имаат контрола на играта и на резултатот, се случи голем пресврт.

„Кралевите“ стигнаа до 2-2 на полувремето, а Ливерпул никако не можеше да се опорави од шокот, па во второто полувреме Реал само ја потврди победата 2-5.

Стрелец на два гола за Реал беше Карим Бензема кој стигна до бројката од шест против англискиот клуб. Тоа е рекорден број, а интересно е тоа што дури четири се на „Енфилд роуд“ со кои исто така е рекордер.