сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Матеус: Зошто Баерн да не потпише со 38-годишниот Рибери, па јас играв кога имав 39 години

Матеус: Зошто Баерн да не потпише со 38-годишниот Рибери, па јас играв кога имав 39 години

Поранешниот играч на Баерн и Германија, Лотар Матеус, смета дека баварскиот клуб треба да го врати 38-годишниот фудбалер од средниот ред, Франк Рибери.

– Ако Баерн не го најде крилниот напаѓач што го сака, дефинитивно би размислил да потпишам едногодишен договор со Франк Рибери. Играв и за Баерн кога имав 39 години. Јасно е дека нема да може да игра два натпревари од 90 минути неделно. Но, Френк сé уште е во форма, тоа исто така би било голем плус за соблекувалната.

Тој одигра 29 натпревари во Серија А и сé уште може да игра добро во Бундеслигата. Навивачите на Баерн би сакале да го видат Френк во дресот на клубот, напиша Матеус во колумна за „Скај“.

На враќањето на Рибери во Баерн, најмногу се спротивставува спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.