сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Матиќ ги запали навивачите на Рома: Сакаме вашиот сон за Скудетото да стане реалност

Матиќ ги запали навивачите на Рома: Сакаме вашиот сон за Скудетото да стане реалност

Рома има добри резултати по првите 10. кола во Серија А каде со 22 бода се наоѓа на 4. место на табелата.

Главната цел на „волчицата“ за оваа година е Топ 4 пласман и враќање во Лигата на шампионите што во моментов го имаат во рака. Сепак има уште многу да се игра и веќе за три дена Рома има вистински тест против лидерот Наполи.

Немања Матиќ се надева на добро издание и резултат против наполитанците, а во исто време ја запали навивачката база на клубот со пораката дека ќе направат се што е во нивна моќ да го остварат големиот сон, односно да се освои Скудетото.

-Ќе направиме се за да победиме против Наполи. Горд сум што сум дел од овој тим и се надевам дека ќе и помогнам на Рома да освои трофеи. Се надевам дека ќе бидеме добро во недела, но сакаме вашите соништа за Скудетото наскоро да станат реалност, -порача искусниот Србин кој минатово лето слета на „Олимпико“.