недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Матиќ го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2023 година

Матиќ го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2023 година

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед Немања Матиќ го продолжи договорот со клубот, објавено е на официјалната веб-страница на „црвените ѓаволи“.

Договорот со 31-годишниот Србин се пресметува до 2023 година.

Матиќ игра за Манчестер Јунајтед уште од летото 2017 година. Оваа сезона играчот од средниот ред има одиграно 27 натпревари на сите турнири во кои постигна гол и направи две асистенции. (МИА)