среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Матиќ се сели во Италија?

Матиќ се сели во Италија?

Немања Матиќ извесно е дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето кога му истекува договорот.

Неговите застапници веќе ги започнале разговорите за промена на средината, а се претпоставува дека после Островото новата дестинација на Србинот ќе биде Италија.

Матиќ е понуден на Јувентус, Интер и Милан. Тој и порано беше поврзуван со овие клубови, но сега преговорите се обновени.

Според првичните информации, Милан негативно одговорил поради големата плата која Матиќ ја има во Јунајтед, Јувентус ги одложил преговорите, додека во моментов најзаинтересирани биле од Интер.