недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Матиќ веќе има нов клуб: Со задоволство го прифатив повикот

Матиќ веќе има нов клуб: Со задоволство го прифатив повикот

Немања Матиќ и официјално деновиве ќе биде претставен како нов фудбалер на Рома.

Како по традиција, каде е Жозе Мурињо, таму е и српскиот интернационалец Немања Матиќ.

Тој прво беше доведен во Челси од Мурињо, а традицијата продолжи подоцна и во Манчестер Јунајтед, а сега и во Рома.

Очигледно дека „специјалниот“ гледа нешто посебно во овој фудбалер, кој иако во поодминати години, се уште смета дека има добар фудбал во него.

Матиќ ќе потпише договор на 1+1 сезона со „римската волчица“ и треба да заработува нешто повеќе од 60 000 евра неделно.

„Со задоволство го прифатив предизвикот да го носам дресот на Рома!“, била првата порака на Матиќ при пристигнување на аеродромот.