четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Маунт и го подари дресот на навивачка, таа се расплака од среќа (ВИДЕО)

Маунт и го подари дресот на навивачка, таа се расплака од среќа (ВИДЕО)

Англија се избори за триумф над Данска, а со тоа и за место во големото финале на 16. Европско првенство.

„Трите лава“ во продолженијата го скршија отпорот на противникот и со тоа донесоа многу среќа за нив, но и за сите навивачи, целата нација. Фановите на „Вембли“ беа максимално возбудени, а Мејсон Маунт дополнително се погрижи една навивачка никогаш да не го заборави овој ден.

Имено фудбалерот на Челси по средбата забележа девојче на трибините, го подари дресот, потег со кој изнуди многу емоции кај младиот фан.