среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе беше исвиркан пред мечот меѓу ПСЖ и Стразбур, овации за Меси (ВИДЕО)

Мбапе беше исвиркан пред мечот меѓу ПСЖ и Стразбур, овации за Меси (ВИДЕО)

Синоќа пред мечот меѓу ПСЖ и Стразбур кој заврши со победада од 4-2, беа презентирани новите засилувања на францускиот гигант.

Пред почетокот на мечот се појавија петте нови засилувања на ПСЖ, Меси, Рамос, Хакими, Донарума и Вајналдум. Овации добија сите, а кога излезе Аргентинецот на теренот публиката беше во делириум.

Од новите фудбалери синоќа настапија само Хакими и Вајналдум.

На претставувањето на стартниот тим, Килијан Мбапе беше исвиркан од дел од публиката затоа што не сака да го продолжи договорот со ПСЖ.

\

Мбапе ги одигра сите 90 минути, постигнаа еден гол, и асистираше за погодок на Сарабија. Другите два гола ги постигнаа Икарди и Дракслер.