среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе, Нејмар, Роналдо, Фердинанд…застанаа зад Винисиус Жуниор: Не си сам…(ФОТО)

Мбапе, Нејмар, Роналдо, Фердинанд…застанаа зад Винисиус Жуниор: Не си сам…(ФОТО)

Валенсија издвојува важен триумф во дуелот со Реал Мадрид (1-0), но истиот остана во сенка на случувањата на „Месталја“ кои беа поврзани со Винисис Жуниор.

Бразилецот беше навредуван на расна основа од дел од домашните навивачи, мечот одредено време беше во прекин, потоа продолжи, а напаѓачот кој беше нервозен заработи црвен картон по мешаница во која закачи еден домашен фудбалер. При напуштањето на теренот Жуниор провоцираше со што дополнително ја запали атмосферата на пресметката во Валенсија.

Ѕвездата на Реал потоа борбата ја продолжи на социјалните мрежи каде доби голема поддршка од асови како Килијан Мбапе, Нејмар, легендарниот Роналдо, Рио Фердинанд…

-Не си сам. Ни сме со тебе, те поддржуваме. Доста е веќе, можеш да сметаш на мене во оваа борба, -беа дел од зборовите на луѓето кои застанаа зад офанзивецот.