петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе откри кои зборови му ги кажал на Меси по финалето на СП

Мбапе откри кои зборови му ги кажал на Меси по финалето на СП

Килијан Мбапе се сети какви зборови му кажа на Лионел Меси по финалето на Светското првенство во 2022 година.

Франција на Муднијалот во Катар загуби на пенали од Аргентина во мечот за трофејот.

-Разговарав со Меси по натпреварот, му честитав. Тоа беше цел на неговиот живот за него, како и за мене. Но не успеав. Секогаш треба да бидеш добар фудбалер, изјави напаѓачот на ПСЖ и Франција.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, додека Мбапе ја освои награда за најдобар стрелец со осум постигнати голови.  (МИА)