среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе, Педри, Погба… еве кои фудбалери ќе чинат НУЛА ЕВРА во 2022 година

Мбапе, Педри, Погба… еве кои фудбалери ќе чинат НУЛА ЕВРА во 2022 година

Само што заврши преодниот рок во Европа, а веќе се зборува за наредното лето и кои слободни играчи ќе можат да си заминат бесплатно.

На врвот на листата секако е Килијан Мбапе. Францускиот голгетер не прифати нов договор од ПСЖ, кој не сакаше да преговара со Реал Мадрид и одби светски рекорд во изминатите неколку недели. Сонот на младиот голгетер се очекува да стане реалност во 2022 година, кога без обештетување ќе се приклучи на „кралскиот“ клуб.

Проблемите на Барселона се огромни, кога се во прашање финансиите. Си замина Лионел Меси, а Педри, еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата, нема потпишано нов договор. Ако тоа не се случи во наредниот период, и тој ќе може да замине од „Камп Ноу“ без да ја наполни клупската каса.

Од останатите ѕвезди се издвојуваат Ансу Фати, Леон Горецка, Пол Погба, Франк Кеси, Пауло Дибала, Осман Дембеле, Лоренцо Инсиње, Марсело Брозовиќ…

Случајот со Ерлинг Халанд е посебен, бидејќи во неговиот договор има клаузула која вели дека може да ја напушти Борусија Дортмунд само ако некој за него плати сума од 75 милиони евра.