недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе постави ТРИ неверојатни услови: На пребогатите сопственици на ПСЖ им се крена коса кога ги видоа

Мбапе постави ТРИ неверојатни услови: На пребогатите сопственици на ПСЖ им се крена коса кога ги видоа

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе летово го продолжи договорот со ПСЖ на уште три годи, но по завршувањето на СП во Катар се појави информација дека сака да го напушти клубот доколку не му се исполнат три неверојатни услови.

Мбапе летово се поврзуваше со Реал Мадрид, но од засега непознати причини одлучи да остане во Париз. Едно е јасно, на Мбале му недостигаат трофиеи надвор од Франција, па од челниците во ПСЖ побарал три работи.

Првиот услов е дека ПСЖ до крајот на сезоната треба да го продаде Нејмар. Тие двајца не се во сјајни односи, посебно од почетокот на оваа сезона откако се скараа околу изведувањето на еден пенал.

Вториот услов е дека клубот мора да го замени тренерот Кристофер Галитеј. Според пишаните медиуми, Мбапе јасно им ставил до знаење на сопствениците на ПСЖ дека мора да му врачат отказ и да вложат голем напор за да го донесат Зинедин Зидан.

Третиот услов на Французинот е замената на Нејмар. Мбапе според добро упатен извор сака звучно име кое би се вклопил со него и Меси во нападот. Наводно Мбапе на „Паркот на принцовите“ сака да го види Хари Кејн од Тотенхем.

Останува да се види дали богатите сопственици на ПСЖ ќе го задоволат Килијан Мбапе.