вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе се обидел во последен момент да му го украде Чуамени на Реал

Мбапе се обидел во последен момент да му го украде Чуамени на Реал

Најновото засилување на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени им откри на медиумите дека ништо не можело да го спречи од остварувањето на сонот, да заигра за Реал Мадрид. Младиот фудбалер бил истраен да го оствари сонот, да поради тоа ги одбил обидите на Килијан Мбапе да го убеди да потпише за ПСЖ.

Младиот 22-годишен француски репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Реал и откри со нетрпение ја чекал понудата од „кралскиот клуб“.

– Во моментот кога Реал се јави, му реков на мојот агент да го најде најдоброто решение и за мене и за Монако. Но, не се предомислував ниту една секунда бидејќи настапот за Реал е мојот сон. Сакам да оставам трага во фудбалот, а Реал е најдобиот клуб на светот и идеално место каде што можам да го направам тоа – рече Чуамени.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез истакна дека клубот и неговите навивачи секогаш сакаат повеќе и дека фокусот е веќе ствен на својувањето на 15-та европска титула.

– Имаме одличен тим, но знаеме дека ни претстои голем предизвик и мораме да донесеме играчи кои се талентирани и желни за победи, па затоа претставуваме играч кој ќе ни помогне да продолжиме да напредуваме – рече Перез.

фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo