Трансферот вреден 170+10 милиони евра на Килијан Мбапе треба да се финализира денеска, ако им се верува на најтиражните шпански медиуми Марка и АС.
Во меѓувреме, други извори информираат дека тој, наводно, веќе го избрал бројот 5 во Реал Мадрид. Планирано беше тој да му припадне на повратникот во екипата Хесус Ваљехо, но со оглед на тоа што стоперот се уште не одиграл ни минута во новото првенство, може да дојде до рокада и „петката“ да отиде кај Мбапе.
Причината за овој потег на Французинот е фактот што во минатото, односно од 2001 до 2006 година, бројот пет го носеше Зинедин Зидан, идолот на Мбапе, а и на сите млади Французи. Освен него, до минатата сезона со бројот пет играше уште еден негов сонародник – Рафаел Варан кој во меѓувреме се пресели во Манчестер Јунајтед.