Фудбалскиот меч од 22 коло во Серија Б во Италија беше прекинат во првата минута од неговиот старт поради ужасна повреда на еден од фудбалерите.
Во обид двајцата фудбалери да стигнат до топката едниот го извлече подебелиот крај.
Откако двајцата се судрија едниот од фудбалерите падна на земјата и се онесвести.
На фудбалерите им се заледи крвта, а брзата помош веднаш го пренесе во болница.
Првите информации се дека не станува збор за посериозна повреда и наскоро треба да биде пуштен на дома.