среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Медиуми: Меси останува во Европа

Медиуми: Меси останува во Европа

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, и покрај разочарувачката елиминација на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони од Баерн, е најблиску до опцијата да остане во редовите на актуелниот француски првак, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот весник, 36-годишниот Аргентинец не сака да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да ги прифати богатите понуди од Саудиска Арабија или американскиот клуб Мајами во сопственост на Дејвид Бекам.

Исто така, наведува „Мундо Депортиво“, ниту враќање на Меси во Барселона не е реално сценарио поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб.

Во „најлош случај“ ако не се договори со ПСЖ, аргентинскиот капитен ќе ја продолжи кариерата во Италија.