Шпанскиот гигант Барселона договори трансфер на играчот за врска на Валенсија, Карлос Солеро (25), јавија денеска шпанските медиуми.
Солеро има договор со Валенсија до лето 2023 година, а според весникот Диарио неговиот трансфер во Барселона ќе чини 20 милиони евра.
Паралелно со ова, Валенсија демантираше какви и да е преговори со Барселона околу трансфер на Солеро.
– Во врска со приказната која ја објави Диарио АС, Валенсија демантира постоење на каков и да е договор или преговори со Барселона околу трансфер на Карлос Солеро. Клубот е во преговори со фудбалерот и неговиот менаџер околу продолжување на договорот со нашиот клуб, се наведува во демантот на Валенсија.