Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ соопшти дека повторно се бори со леукемијата, а „Газета“ открива детали мешу кои дека тој веќе некое време знаел дека болеста му се вратила.
На 26 февруари Болоња за време на натпревар, Синиша почувствувал некои симптоми. По тоа, според пишувањата на италијанските медиуми, тој имал медицинска интервенција која не била безначајна, како што пишува „Газета“
Миха наводно на никого не му кажал дека имал операција, а на стручниот штаб и играчите за својата состојба им соопштил пред да каже јавно за тоа.
-Како и секогаш играм отворено. Последните години правам длабоки анализи по болеста, но последните резултати за жал покажаа аларм дека постои ризик од враќање на болеста. На почеток од следната недела ќе морам да отсуствувам и ќе бидам хоспитализирам. За разлика од пред две ипол години, сега знам што треба да правам, објави Михајловиќ.